Полицискиот час на територијата на целата држава кој беше воведен на 10 март, а траеше од 22 до 5 часот наутро, од утре ќе почнува во 20 часот, се до 20 април, одлучи Владата на денешната седница.

Угостителските објекти кои имаа дозвола да работат до 21 часот, сега целосно се затвораат и ќе смеат да работат само со достава. Исто така, од утре се затвораат и фитнес клубовите и се забранува одржувањето на конференции и обуки. Обложувалниците пак, се затвораат од 7 април, соопшти на прес конференција премиерот Заев.

„Најновите тенденции кои ни се презентираа од епидемиолозите се дека британскиот сој на ковид-19 го зема својот замав“, рече Заев.
NovaTv