Голема колона од возила во моментов се наоѓаат на граничниот премин Блаце, за влез во Македонија.
ТВ21 неофицијално од службеници на овој граничен премин дознава дека во моментов не е во функција системот за електронско евидентирање.
Од таму велат дека засега тие се евидентираат мануелно.
Од Mинистерството за внатрешни работи потврдија дека имало мал прекин.
„Имаше мал прекин, но проблемот е надминат и обезбедено е непречено преминување на патници“, додаваат од МВР за ТВ21.
TV21









