Во 2019 година дадов оставка токму поради опозицијата, сега нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори, рече вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за Канал 5 телевизија.
Синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ21 најави дека со локалните избори може да има предвремени парламентарни.
„Сите опции се отворени, можеме да имаме заедно со локалните и предвремени парламентарни избори, може да чекаме резултати од локалните, па да видиме, па после да имаме напролет предвремени парламентарни избори. Така што сите опции се отворени. Не би сакал да зборувам сега за детали, затоа што кога зборувате за детали, дел од граѓаните имаат некои високи очекувања, а друг дел се борат да не успеете. Факт е дека Македонија во моментов се движи во погрешна насока и тоа мора да го смениме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
TV21









