Бошњачкиот демократски сојуз поднесе предлог за именување и дополнување на Изборниот законик. Тие сметаат дека партиите на едничките заедници се принудени да учествуват во предизборни коалици, без никакви шанси да влезат во Собранието, и поради тоа доставуваат предлог за измена и дополнување.
„Сегашниот изборен модел не овозможува односно не гарантира етничките заедници да можат непосредно да избираат свои претставници. Партиите на етничките заедници се принудени да учествуваат во предизборни коалиции, во спротивно немаат никакви шанси за влез во Собранието на Република Северна Македонија. Поради ова предизборно коалицирање овие партии немаат политички легитимитет да ги претставуваат своите етнички заедници.
Во врска за политичката положба на етничките заедници кои се под 20%, во извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2018 меѓу другото стои: „Етничките заедници што се помалку од 20 % од населението не се доволно вклучени во креирањето на политиките и одлучувањето на национално ниво.“
Врзано за оваа препорака на Европската комисија до денешен ден ништо не е преземено, а Бошњаците како и останатите помали етнички заедници во Република Северна Македонија се соочени со овој проблем кој до сега ниедна политичка гарнитура не сакаше да го реши.
Водени од оваа констатација, Бошњачки демократски сојуз покрена инцијатива за изменување и дополнување на Изборниот законик и истата ја достави во писмена форма до Собранието на Република Северна Македонија.
Од страна на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија добиено е известување бр.08-3265/2 од 16.05.2018 година во кое стои дека иницијативата за изменување и дополнување на Изборниот законик е добиена и дека е доставена до пратениците.
Бошњачки демократски сојуз очекуваше дека ќе се разгледа доставената иницијатива и за таа цел подготви Предлог за изменување и дополнување на Изборниот законик на Република Северна Македонија.
До денешен ден Собранието на Република Северна Македонија не ја разгледуваше иницијативата на Бошњачки демократски сојуз за изменување и дополнување на Изборниот законик.
На 27.05.2019 година до претседателот на Република Северна Македонија го доставивме нашиот предлог за изменување и дополнување на Изборниот законик со образлижение за причините зошто бараме истото да биде имплементирано. Претседателот на Републиката генерално даде поддршка на нашата иницијатива и за истото сме му благодарни но како што знаете неговите надлежности во врска со решавање на ова прашање се ограничени.
Доставените предлози на Бошњачки демократски сојуз за измена и дополна на Изборниот законик беа изработени врз база на косовскиот и нему слични модели за загарантирани пратенички места со цел да им се обезбеди правото на граѓаните кои се припадниците на други помалубројни народи да можат непосредно да избираат свои претставници во Собранието на Република Северна Македонија кои ќе се грижат за нивните национални права.
Во прилог на овој акт Ви доставуваме предлог на Бошњачки демократски сојуз и очекуваме дека ќе го земете во предвид при донесување на најавените одлуки за измени и дополни на Изборниот законик на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од Бошњачкиот демократски сојуз.
TV21










