Утре за во 13:30 часот е најавен нов протест за случајот „Монструм“. Ќе има изменет сообраќаен режим на улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, односно од паркот во Чаир до Владата.

Протестите во случајот „Монструм“ се поради пресудите за петкратното убиство на „Смилковското езеро“.

Последниот протест заврши со насилства, апсења и фрлање на тврди предмети, по кој три лица добија по една година затвор за учество во толпа, за фрлање предмети при што беа повредени новинари и полицајци.

Протестниот марш беше сопрен пред ТЦ „Мавровка“ од полицискиот кордон, што предизвика насилства од демонстрантите, а полицијата употребуваше и шок бомби да ја разбие толпата.


„TV21“