После воведувањето на задолжителна зимска опрема за тешки товарни возила, на превојот „Пресека“ поради интензивни врнежи од снег, е воведена забрана за движење на тешки товарни возила од 14:30 часот. Забрана е воведена и на превојот „Стража“.
„Од 14.30ч поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.“, велат од диспечерскиот центар на „Македонија пат“.
„Од 14.30ч поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.“
„TV21“










