Орце Камчев денеска сведочеше за случајот „Меѓународен сојуз“. Тој најпрво побара да биде изземен од светок, но откако Обвинителството и судот не дозволија, тој даде исказ.

Потоа беше испрашуван од обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

Камчев рече дека префрлил 150 илјади евра на 1 ТВ за т.н. пи-ар услуги, иако тоа било класичен рекет.

„Од две фирми од холдингот, на 1ТВ беа уплатени 150 илјади евра“, рече Камчев.

Јовановски: „За што?“.

Камчев: „За рекет. За Р-Е-К-Е-Т“.

Претходно Камчев кажа дека Боки му понудил некаков договор за старечки домови, за кои проценил дека бројките кои што се на договорот, не соодејствуваат со проценките, и тука приметил дека „Меѓународен сојуз“ е чиста заблуда.

TV21