Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по претежно суви коловози.

Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат и на законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, што е на сила до 15 март.

SlobodenPecat