По оставката на пратеникот Изет Меџити од позицијата координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ), пратениците на партијата го избраа пратеникот Арбер Адеми за оваа функција. Адеми истовремено е и претседател на Комисијата за европски прашања.
Како што дознава „Слободен печат“, пратениците на ДУИ биле единствени во изборот на Адеми за координатор, а зад овој предлог стои и потписот на Изет Меџити и другите пратеници, вклучувајќи го и потписот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Sloboden Pecat










