По предлог на Комисијата за заразни болести, министерот Венко Филипче предложи воведување полициски час, од 22 часот навечер, до 5 часот наутро, во цела држава.
Во текот на денот, Комисијата ќе излезе со подетални информации, т.е. кој ден ќе започне полицискиот час.
Оваа одлука за полициски час, министерот рече дека доаѓа поради тоа што, изминативе недели има зголемен број на инфицирани лица.
Утре, Владата на Република Македонија ќе одржи седница, на која ќе треба да се признесе, по пдрелогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.








