Испораката на вакцините против ковид-19 од Србија, која беше најавена за утре,  според последните информации е одложена.

Како што информира Владата, до одложувањето дошло заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините.

„Вакцините ќе бидат предадени во наредните денови“, соопшти Владата.