Заев: Вкупно 61 лиценца за производство на медицински канабис, уште 20-тина во постапка

by Administrator

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека досега се издадени 61 лиценца за одгледување медицински канабис, а во постапка на лиценцирање се преку 20, а 10 се во постапка на изградба. Тој посочи дека тие што се во постапка на лиценцирање чекаат комисијата да направи контрола по завршување на објектот и поднесена документација за да може да добијат лиценца.

„Ова е навистина нешто кое што е сериозен потенцијал за државата. Јас зборувам многу отворено и чесно секојпат за тоа што претставува извор на БДП, нови работни места, високи просечни плати и почитувани работни места. Знаете колку е широко распространета употребата во делот на огромен дел на болести. Нашето поднебје досега покажало, барем според стручните луѓе и стручните анализи, дека е едно од најпосакуваните за производство медикал канабис, односно канабис за медицински цели и за производство на лекови токму од тоа растение“, изјави Заев.

Тој на новинарско прашање изјави дека се прават напори да се донесе законот во Собранието, којшто е заглавен од октомври 2019 година. Како што вели, со него би се овозможиле прилив од од 250 милиони евра што е некаде 2,2 проценти од вкупниот БДП на државата.

Во врска со одеземната лиценца за одгледување канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги „5 Летерс“ ДОО Ресен, тој појасни дека тоа е сторено по препорака на Министерството за здравство и на Комисијата која ги издава лиценците, откако при контроли е утрдено дека дел од прозводството било без дозвола. Тој воедно апелираше до сите за строго почитување на законите кои мора да важат еднакво за сите без разлика дали се работи за домашен или странски инвеститор.

PCE

You may also like