Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, се спротивставува на спроведувањето на 25-тиот амандман за итно отстранување на Доналд Трамп од претседателската функција, објавуваат Business Insider и New York Times.
Отстранувањето на Трамп според 25-тиот амандман го побараа спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер, еден ден откако приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот во обид да спречат потврда на изборната победа на Џо Бајден. „Вчера, претседателот на Соединетите држави поттикна вооружен бунт против Америка“, рече Пелоси на прес-конференција во четвртокот, додавајќи дека Трамп на тој начин извршил „чин на бунт“.
Пелоси изјави дека е потребно итно да се отстрани Трамп од функцијата, бидејќи тој е опасен за американската демократија. Повикувајќи го Пенс да го спроведе 25-тиот амандман, Шумер истакна дека во спротивно смената на претседателот треба да биде иницирана од Конгресот (импичмент).
Според 25-тиот амандман на уставот, членовите на владата можат да го сменат претседателот, доколку утврдат дека тој не е способен да ја извршува својата должност, пренесуваат агенциите. „Вчера, претседателот на Соединетите држави охрабри вооружен бунт против Америка“, изјавил Пелоси на прес-конференција, додавајќи дека Трамп извршил „чин на бунт“. Пелоси рече дека е потребно итно да се отстрани Трамп од функцијата, бидејќи тој е опасен за Американската демократија.









