Во нашата држава се уште не се создадени предуслови за легализација и рекреативна употреба на марихуаната, смета претседателот на парламентот Талат Џафери, окако премиерот Зоран Заев најави декриминализација и легализација на употребата на марихуана.

-Наместо цигари, да пушиме марихуана, сметам дека не се создадени перцептивни предуслови кај нашите граѓани по ова прашање и не се создадени предуслови за општа легализација за рекреативна употреба – рече Џафери на ТВ 21.

Одговарајќи на прашање, тој истакна дека за да го блокира ДУИ законот нема потреба да падне Владата, туку, како што рече, има инструменти во Собранието.