Претседатеот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати честитка по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието на Северна Македонија, Џафери упати честитка од негово лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.

„Во земја во која живеат припадници на повеќе различни етнички заедници, суштинско е овозможувањето на творење, функционирање и употребување на мајчиниот јазик. Можноста за стекнување на образованието на мајчин јазик е право и обврска на секоја демократска држава која ги ратификувала и доследно ги почитува универзалните декларации за човековите права. Преку негувањето на јазикот, културата, вредностите и традициите, нашето општество станува побогато, посилно и секако карактеристично по сите особености што ја прават уникатна Република Северна Македонија”, се вели во честитката на Џафери и се додава:

„Сакам да изразам благодарност до турската заедница во нашата земја, за големиот општествен и економски придонес кој го даваат секојдневно на секое поле од општественото живеење, со тоа само ја потврдуваат својата почит и вредност за сите нас. Уште еднаш, дозволете да Ви упатам искрени честитки и да Ви посакам светлината на образованието секогаш да ви го осветлува патот и мислата!”