Кандидатот за градоначалник на предвремените избори во Штип од редовите на СДСМ, Сашко Николов, се обрати пред собраните поддржувачи на градскиот плоштад и порача дека градот покажал дека владее демократија и дека ниту една опструкција не може да помине.
Тој вели дека денешните избори покажале оти Штип останува во рацете на социјалдемократите во наредните десет месеци, како и во уште два мандати потоа.

Доколку се потврди победата која ја прогласија социјалдемократите, Николов ќе биде нов градоначалник на Штип, откако функцијата ја напушти неговиот сопартиец Благој Бочварски, кој стана министер за транспорт и врски.










