Со стотици апсурдни амандмани кои предвидуваат при работа онлајн по 20 часот, пратениците задолжително да носат пижами или да не смеат да се вклучуваат на седниците од тоалет, опозицијата се обидува да ги блокира измените на Деловникот, кои треба да дозволат работа од далечина.

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Левица и коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива поднесоа над 3000 амандмани за да го блокираат донесувањето на измените на собранискиот Деловник со кои треба да се овозможи пратениците заболени од коронавирус да може да учествуваат на седниците онлајн. ВМРО-ДПМНЕ поднесе 1350 амандмани, Левица околу 1400, а Алијанса/Алтернатива околу 400. Опозицијата смета дека работењето на Собранието онлајн е противуставно и затоа сака да ги блокира измените. Владејачката СДСМ смета дека се работи за неодговорност.

Сепак, најголеми реакции на социјалните мрежи предизвикаа бесмислените амандмани на двајцата пратеници на Левица, со кои тие се пофалија на социјалните мрежи. Меѓу другото, нивните амандмани предвидуваат пратениците да учествуваат на седниците телепатски, при работење од дома да смеат да се вклучат во работата на Собранието само од дневна или од работна соба, но не и од тоалет или спална, како и дека ако работат после 20 часот, треба да носат пижами. Дел од амандманите објави пратеникот Димитар Апасиев од Левица.

Повеќе на: РСЕ