Тетовскиот муфтија, професорот Ќани Несими, ја објави својата кандидатура за Реис-ул улема на ИВЗ. Во изјава за медиуми, Несими рече дека целта на неговата кандидатура е да донесе транспарентност и развој во Исламската верска заедница.
„Одлучив да бидам еден од кандидатите многу сериозен, одлучен и истраен за заштита на вредностите на оваа институција која ќе ги негува културно-верските и националните вредности на сите нации кои живеат во Македонија. Транспарентноста ќе биде еден од основните и клучните елементи каде секој ќе има можност да има увид во она што го има направено, што го прави и што планира да го направи за муслиманите под небото на нашата држава“, вели Ќани Несими – муфијта од Тетово.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=7-BPRE-tc2I[/embedyt]
TV21








