Вршител на должноста претседател на ИВЗ на Република Македонија Реис-ул улема на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху ќе се кандидира на најавените избори за прв човек. Тоа го потврди денеска во одговор на прашањето за престојните избори и датумот за нивното одржување.

Фетаху најави дека изборите ќе се одржат во согласност со регулативата на ИВЗ, а кандидатите од следната недела ќе можат да ги поднесуваат кандидатурите до надлежната комисија. Според Фетаху, овој орган треба да заседава и да го одреди денот кога ќе се одржат изборите.

-Секој да излезе со програма со која ќе ги насочи идните активности на заедница, е пораката што ја упати Фетаху до сите кои планираат да се кандидираат.

Во јавноста пред извесно време се збореше дека еден од аспирантите за функцијата е тетовскиот муфтија Ќани Несими.

Изборот на Реис-ул улема се избира со гласовите на сите муфтии во земјата и раководителите и директорите на верски институции кои се вкупно двесет.

На вчерашниот состанок во ИВЗ покрај темата за изборот на нов поглавар, беа назначани и нови муфтии. Насир Реџепи е назначен за штипската муфтинија , Решат Качалнику за муфтија на Дебар, Амит Расими за Битола и Ќамил Рушити за муфтија на Кичево.

Објавувањето на изборите во ИВЗ следува шест месеци по разрешувањето на Сулејман Реџепи, а во меѓувреме со неа како реис раководи гостиварскиот муфтија, Шаќир Фетаху.

TV21