Македонската фудбалска репрезенатција вечерва напиша историја. Со победата во Тбилиси над селекцијата на Грузија, Македонија за прв пат ќе игра на Европско првенство. Со голот на Горан Пандев во 56. минута по одлична акција, македонската репрезентација успеа да оствари голем триумф кој ја носи селекцијата кон Европското првенство кое ќе се одржи идната година.

Македонија лошо го почна натпреварот, односно Грузија имаше иницијатива со два добри обиди. Меѓутоа како одминуваше времето, нашата репрезентација се ослободуваше од притисикот, еднаш се закани преку Пандев, но не реализираше.

Во вториот дел во 56. минута акција од соништата. Елмас повлече од левата страна, додаде до Пандев кој врати до Елмас, додавање до Несторовски, проигрување до Пандев и маестрална завршница.

На Европско првенство ќе игра со Австрија, Украина и Холандија, во Букурешт и во Амстердам.