Поради маглата и ПМ 10 честитчките, Водно веќе неколку дена како да не е дел од Скопје, па наместо есенските бои на планината, познатото сивило и смогот се единствената глетка за скопјани.
Градоначалникот Шилегов очекува трајно решение на проблемот преку три компоненети – инспекции, нов јавен превоз и помлаку оџаци, кои тврди дека годинава се намалени за 5.000.
Од УХМР објаснуваат дека во моментов Скопје има магла и т.н ниска облачност, но дека без загадениот воздух сликата ќе биде сосем различна.
-Доколку нема честички на загадувачки материи нема да има толку кондензациони јадра во атмосферата, на кои што ќе имаме кондензација на водената пареа и стварање на магла, изјавија од УХМР.
Kanal5










