Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој неодамна најави повлекување од политиката, денес информираше дека е назначен за генерален менаџер на двете компании на MAK-SYSTEM во Скопје и Белград
-Формирана во 1984 година, денес со седиште во Лондон, MAK-SYSTEM е водечки светски провајдер на медицински софтвер за менаџмент на крв, плазма, ткива и клетки. MAK-SYSTEM е пионер во оваа област, кој произведува врвен софтвер за контрола на ланецот за менаџмент на крвни продукти, од донација до трансфузија. Компаниите на MAK-SYSTEM се лоцирани во Лондон, Париз, Мадрид, Брисел, Чикаго, Франкфурт, Скопје и Белград. На 20 февруари 2020 година, Carlyle Group (www.carlyle.com) значително инвестираше во MAK-SYSTEM и ја превзема контролата на компанијата- напиша Манчевски на Фејсбук.
Sloboden Pecat










