Министерот за здравство Венко Филипче ја разреши директорката на Клиниката за детски болести Наташа Алуловска.

Алуловска функцијата директорка ја извршуваше една година, откако минатата година во ноември дојде на местото на тогашната директорка Катерина Ставриќ. Разрешувањето на директорката, како што информираат од Клиниката за Слободен печат дошло неочекувано.

Наташа Алуловска

– Не знам зошто ја разрешија, директорката е без дамка во работењето, без ниту еден ден отсуство од работа. Посветено си ја работеше работата, оваа одлука не затекна неподготвени, велат од Клиниката.

Покрај Алулоска, разрешени се и директорот на Институтот за белодробни заболувања „Козле “Ангелчо Андоновски, директорот на Центарот за јавно здравје, Александар Стојанов, Жан Зимбаков од Клиниката за кардиологија.

Д-р Жан Зимбаков

На директорот на ЦЈЗ оваа информација се уште никој официјално не му ја соопштил, за неговото разрешување дознал од медиумите.

Прочитајте и…  Триста илјади граѓани ќе добијат пари од државата, проверете дали ги исполнувате условите

– Мене никој од Министерството не ми кажал официјално дека ќе бидам разрешен, за тоа слушнав од медиумите. Сметам дека одговорно и посветено ја извршувам мојата лекарска должност, не само сега, во време на пандемија, туку цели 30 години, рече за Слободен печат, д-р Стојанов.

д-р Александар Стојанов, актуелниот директор на ЦЈЗ

Директорот на Институтот за белодробни заболувања „Козле“ за Слободен печат вели дека ќе ја почитува одлуката на министерот, но нагласува дека до него одлука за разрешување се уште не е пристигната.

– До мене официјална потврда за мое разрешување нема пристигнато, значи ништо не е официјално. Каква одлука и да донесе министерот јас ќе ја почитувам, и ќе продолжам да работам за доброто на пациентите. Четврта година по ред ја извршувам функцијата директор на Инситутот за белодробни заболување „Козле“, сметам дека бев на ниво на задачата, вели Андоновски.

д-р Ангелчо Андоновски

Прочитајте и…  Јужна Кореја има тест за истовремено откривање на сезонски грип и на коронавирус

Sloboden Pecat