Нови кадровски промени на директорските позиции. Поранешни министри сега ќе добијат нови функции. Звучни, но и не толку познати имиња ќе седнат во дел од директорските фотелји. Поранешните министри за финансии и за животна средина, Нина Ангеловска и Садула Дураку отсега ќе бидат дел од директорскиот одбор на Телеком. Таму ќе им се придружи и поранешниот директор на ЈПДП, Зоран Китанов. Во Одборот платите се движат од 62 до 310 илјади денари.
Поранешниот пратеник од СДСМ Мухамед Зекири, пак, извиси од директорската позиција во Фондот за здравство, па наместо Зекири, со ФЗО ќе директорува Стево Крстевски. Сепак, извесно е дека потпретседателот на СДСМ ќе добие некаква функција во извршната власт.
Поранешната заменичка на Арбр Адеми во образование, Елизабета Наумвска отсега биде в.д. директорка на Државниот испитен центар. Институцијата ја менува и досегашната директорка на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, која сега е в.д. во ПИОМ. В.Д. Директорска функција доби и воениот ветеран, Стојанче Ангелов. Тој ќе раководи со Центарот за управување со кризи, но за таа цена го губи местото – национален коррдинатор за воени и полициски ветерани. На Фејсбук тој се заблагодари за новата функција, но вели дека нема да ги заборави ветераните.
-Секој бранител кој се обидува да оствари некакво право или има проблем за кој смета дека можам да помогнам, слободно нека ме побара директно на телефон, напиша Ангелов.
Сепак, од Владата на в.д директорите им порачаа дека со институциите ќе раководат привремено.
– Тие се вршители на должност. и се привремено решение. А понатаму секаде ќе има распишување на оглас. За директор на одредена институција треба да се распише. Така беше претходно, така ќе биде и во иднина.
Во следниот период ќе продолжи назначувањето на функционерите од третиот ешалон. Сепак, портпаролот на владата не знаеше уште колку промени се очекуваат во државните институции.










