Излезе од затвор Панче Ангелов, човекот кој беше осуден на четиригодишна затворска казна за насилство врз министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во Собранието.
Тој беше осуден на четири години затвор, а доби амнестија на триесет отсто од казната.
Ангелов според обвинението, во Собранието на 27 април влегол во зградата и се упатил во прес салата, каде најпрво му се заканил на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а потоа ја нападнал Шеќеринска на која и ја искубал косата, а фрлал шишиња кон другите пратеници.
SlobodenPecat










