Претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ди Џовани повика во време кога земјата се соочува со зголемен број случаи со Ковид 19, училиштата да бидат последни што ќе се затворат а први што ќе се отворат кога за тоа ќе се создадат безбедни услови. Затворање на училиштата според Џовани е последната мерка, кога сите други ќе се исцрпат.

„Кога се размислува дали да се укине наставата со физичко присуство треба да се направи добра проценка за придобивките наспроти ризиците имајќи ги предвид здравствените, образованите и другите социо-економски фактори. Она што со сигурност го знаеме е дека затворањето на училиштата има јасни негативни ефекти врз здравјето, образованието и развојот на децата, семејниот приход и вкупната економија“, вели Ди Џовани.

Sloboden Pecat