Скопските пожарникари утре излегуваат на протест. Велат дека градот Скопје не им го исплаќа надоместокот за опасност при работа.

„Пожарникарите тврдат дека уште пред година и пол судот одлучил надоместокот за опасност при работа да влезе во редовната плата но како што велат, се до овој момент градските власти одбиваат да го спроведат решението“

Последното барање го испратиле пред пет дена ама не добиле одговор па денеска одржаа предупредувачки протест во кругот на противпожарната бригада во Автокоманда.

Очекуваат градоначалникот Шилегов да ја спроведе судскатата одлука за исплата на додатокот за опасност при работа.

„Години наназад градот Скопје не ни го плаќа надоместоток за опаснот при работа во редовна плата, туку приморани сме тој надоместок да го добиеме преку судски пат. Сакаме уште еднаш да упатиме барање до таткото на градот, во текот на денешниот ден да ја разгледа можноста и да нареди корекција на плата со надоместокот од судските пресуди“, вели Дејан Исаевски, Иницијативен одбор при БППЗ-Град Скопје.

Градските власти негираат дека има одлука од судот, велат платите за пожарникарите ги добивале од државата ама без надоместок за опасност при работа. Градоначалникот Шилегов уверува дека заедно со двата противпожарни синидкати се водат преговори за надминување на проблемот. На незадоволните од висината на платата им порача да си најдат друго вработување.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов рече дека се работи на решавање на проблемот, а за тие што се жалат, рече дека можат да бараат работа на друго место.

Во меѓувреме, додатокот за опасност при работа, пожарникарите го добиваат по судски пат – го тужат градот Скопје кој има обврска да ја исплати сумата. Градските власти велат дека по тој основ се исплатени 1 милион и 300 илајди евра.

Пожарникарите утре ќе протестираат пред зградата на Град Скопје.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=rqc6V2mW-uw[/embedyt]

24press – TV21