Скопје се гуши во смог. На самиот старт на грејната сезона граѓаните реагираат дека во главниот град неможе да дишат. Мерните станици покажуваат високо ниво на загаден воздух.
Секоја вечер во Скопје се бележи се поголемо загадување на воздухот. Жителите веќе се жалат на високите вредности на загаденост кои ги покажуваат мерните станици.
Извесно е дека греењето на дрва е главен причинител на енормната загденост.

Дури 4 главни балкански градови се најдоа на светската ,,топ“ листа на 10 најзагадени градови во светот.
На 2 место е Белград, Приштина се наоѓа на 6 место, Скопје е на 8 место, а Сараево н 9 место.



А токму загадениот воздух е сојузник на коронавирусот, според многу истражувања.

Неодамна, министерот за здравство Венко Филипче во интервју за ТВ24 зборуваше и за штетните ПМ честички.
Тој вели дека постојат одредени истражувања кои покажуваат дека загадениот воздух односно, ПМ-честичките побрзо и подалеку го шират коронавирусот.


TV21









