Според информациите на одговорните лица Водната Заедница – Подгорци, од пред една недела се започнало со таканареченото кај нашиот народ (прашење на пченките).

425341_583013331729851_1767909153_n

Засега според предвидените планови за овогодинешнава активност околу наводнувањето и целосно завршување на работите околу нашата најпозната и најмногу засадена култура-пченка, се оди како што треба.

 

 

 

 

 

391397_582994548398396_1092248471_n

Веќе се започнува наскоро со расчистување на каналите за наводнување, веднаш после тоа ќе биде објавен и оглас за вододелител, а постоа ќе следува распоредот на наводнување.

Според времето кое го има зафатено нашиот дел, засега прашењето на пченките се одвива многу добро, притоа сметајќи на бременските прилики. И оваа година  предвидено е дека се засадени околу 150 рала пченка, како и врт, и овез, јонџа.

Подетални информации наскоро ќе имаме и ќе ви ги доставиме, веднаш штом заедно со новоизбраниот вододелите бидат зацртани пријавените засадени видови на култури.

Вод однос на снабденоста со вода, се предвидува според сегашните информации на состојбата на Подгоречкото езеро, фоколку не дојде до нагло зголемување на температурите, како и рационално не се искористува од страна на жителите на населба Подгорци, како за наводнување, така и за пиење и друга намена.

 

431828_582991271732057_921291254_n

Карактеристично оваа година е нтоа што поголемиот број на пченки се засадени во тип на редови, односно бразди, а не со раслфрлување на семето, при самото засадување, со што се зголемува ефикасноста од род како и олеснува наводнувањето на истите.

Водна Заедница .Подгорци.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here