„Политичарите да се фатат за работа и Собранието брзо да го донесе ребалалансот на Буџетот бидејќи од тоа зависи државната помош за компаниите. Голем дел од нив немаат или повремено имаат работа, а бранот отпуштања во повеќе сектори запре поради најавената субвенција на плати за последните три месеци од годината. Без државна помош висат работните места на околу 15.000 работници од најпогодените сектори од Ковид кризата. Статистиката на Агенцијата за вработување вели дека од 11. март до крајот на септември без работа останале 14.818 граѓани. Според економистите ако потрае Ковид кризата компаниите треба брзо да се прилагодат на новите услови, а државата да ги намали нефункционалните трошења“ вели Ангел Димтров, од „Организација на работодавачи“.

24