Турската агенција за соработка и координација (TİKA) обезбеди пунктови за дезинфекција и бесконтактни топломери за градинките во Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

No photo description available.

ТИКА во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Македонија денеска донираше 150 пункта за дезинфекција и 100 уреди за мерење на телесната температура. Свечено предавање на пунктовите за дезинфекција и бесконтактните топломери се одржа во градинката „Орце Николов„ во Карпош, Скопје.

Министерката за труд и социјална политика на  Македонија, Јагода Шахпаска, во изјавата за медиумите, истакнувајќи дека во услови на пандемија секоја помош е добредојдена, изрази благодарност до турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) за помошта од пунктовите за дезинфекција и бесконтактните топломери.

Image may contain: 2 people, people standing

 

Anadolu