Скопје: Откриени 23 автобуси со расипани кочници при полициски контроли

by Administrator

Кај 23 возила кои вршат меѓуградски превоз на патници полицијата констатирала дефект на уредот за сопирање, а кај пет возила – други неисправности. Акциската контрола полицијата ја спровела вчера на територија на Град Скопје.

„Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци“,

соопштија од МВР.

Од полицијата информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

360Sepeni

You may also like