Владата донесе мерки во насока на спречување на ширењето на коронавирусот

by Administrator

Владата на Република Македонија на осмата седница донесе мерки во насока на спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изминатите три дена регистрирани се над 600 нови случаи на Ковид-19 во земјава.

Владата на синоќешната седница ги прифати мерките што ги претходно ги препорача Комисијата за заразни болести, со кои се предвидува забрана на гостување на пејачи и ограничување на јачината на музиката и на бројот на гости во угостителските објекти.

Според новите мерки на Владата во насока на намалување и спречување на коронавирусот нема да биде дозволено гостување на пејачи/музички групи/диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели).

Исто така се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти на 55 децибели, а исто така максималниот број на лица на една маса се ограничува на 4 лица, а нема да биде дозволено послужување на гости на стоење на шанк.

Владата, на синоќешната седница, го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната.

Вкупната бројка на дијагностицирани случаи со Ковид-19 од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 18.790.

Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште 3 лица, а вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 756.

Во моментот активни се 2.693 случаи на Ковид-19.

Anadolu

You may also like