Беловиште е едно од селата со најубава природа во Полог, а се соочува со проблеми со водата за пиење. Всушност вода има на претек, но не е за пиење. Жителите кои ги сретнавме велат дека се свесни дека не е чиста, но дека немаат друг избор.
Редовните анализи направени од Центарот за јавно здравје Тетово покажуваат дека во ова село водата не е чиста од микробиолошки аспект.
„Анализите во село Беловиште се направени во февруари, јуни и септември, во трите случаи врз база на мострите земени од водата за пиење од ова место, истата не е за пиење како од микробиолошки аспект така и според хемискиот состав, има присуство на бактерија колифорн“, велат од Центарот за јавно здравје Тетово.
Селото Беловиште и припаѓа на општина Јегуновце, а водоводот го менаџираат самите жители. Се обидовме да контактираме со градоначалникот на општината, Дарко Блажевски, но тој не беше достапен. Инаку над 68% од селата на петте рурални општини на Тетово немаат чиста вода за пиење.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=vMLlqf68IP4[/embedyt]
TV21










