Комисијата за заразни болести ги испрати до Влада новите предлог мерки и истите ќе се разгледуваат на седницата вечерва во 18 часот.
Како што дознава ТВ21 ова се дел од мерките:
- Забрана за гостување на ДЈ и пејачи во угостителски објекти
- Да се почитува забраната донесена од Владата за неработење на дискотеките
- До 55db ограничување на гласноста на музиката
- Намалување на бројот на луѓе кои седат на една маса во угостителските објекти од 12 на 4.
- Владата за 18 часот закажа седница на која ќе одлучува дали ќе ги прифати овие мерки.










