Во Република Северна Македонија синдикалните организации започнале разговори со пратеничките групи во Парламентот со цел изнаоѓање решение за проблемот со покачувањето на цената на електричната енергија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот на Конфедерацијата на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески, истакна дека мината недела започнале одредени разговори со пратеничките групи во Парламентот за изнаоѓање решение на ова прашање.

Image may contain: one or more people, sky, car and outdoor

КСОМ попладнево симболично со десетици автомобили одржа протест пред зградата на Владата на Северна Македонија.

„Минатата недела започнаа одредени разговори со пратенички групи во парламентот. Следнава недела повторно продолжуваат преговорите и се надевам дека, значи, конечно кога има преговори ќе најдеме излезно решение за проблемите кој што ги тиштаат граѓаните со електричната енергија“, рече Ристевски и додаде дека на овој протест се со симболичен мал број на луѓе.

Image may contain: car and outdoor

Според него, сметките за електрична енергија се многу големи и тоа за граѓаните е неиздржливо.

Потсетуваме, на 31 јули претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на Северна Македонија, Марко Бислимоски, соопшти дека цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,42 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истиот период како и досега.

Image may contain: one or more people, text that says "KCOM конфедерациа на синдикалните организации на македонија грагански протести против покачу покачуваье на струјата www.ksom.com.mk 21.08.2020"

Оттогаш, седмично се организираат протести во повеќе градови во земјата против оваа одлука.

Anadolu