СКОПЈЕ (АА) – Граѓанската иницијатива „На точак“, во која членуваат велосипедисти, во Скопје организираше возење низ скопските улици, јавува Агенција Анадолија (АА).

Возењето велосипеди низ Скопје се организира по 85. пат, а овој пат започна од Плоштадот Македонија, каде собраните граѓани со своите велосипеди сакаат, како што велат, да ги потсетат властите, дека „на велосипедистите им е потребна солидна инфраструктура.“

Image may contain: bicycle, sky and outdoor

Иницијаторите информираат дека возењето велосипеди е дел од настанот „Критична маса“.

Под слоганот „Приказната продолжува. Се гледаме на улиците!“, иницијативата „На Точак“ потсетува дека велосипедистите се дел од скопската приказна и дека им е потребна безбедна велосипедска инфрастуктура.

Image may contain: 1 person, outdoor

Од оваа Иницијатива се осврнуваат и на важноста на возењето велосипед во време на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19).

„Животот со пандемијата се забави во изминатиот период, но ерата на микромобилните средства е во полн ек и градот мора да го фати чекорот со неа. Продажбата на велосипеди откако почна пандемијата на Ковид-19 тројно се зголеми во земјата, покажувајќи дополнително дека граѓаните преферираат да возат велосипед за транспорт значително повеќе од претходните години, најмногу затоа што велосипедот беше препорачан како безбедно превозно средство поради физичката дистанца.“

Image may contain: bicycle, sky and outdoor

Исто така, од Иницијативата „НаТочак“ велат дека возењето велосипеди ќе продолжи сè додека не им се исполнат условите за безбедно возење велосипеди во Скопје.

Anadolu