Револтирани што нивното училиште не доби дозвола за изведување настава со физичко присуство, родителите на учениците од општинското основно училиште „Борис Трајковски“ од Моноспитово излегоа на протест и побараа Комисијата за заразни болести да ја преиспита својата одлука.
Сметаат дека заради малиот број ученици, ова училитше со три посебни влеза ги исполнува протоколите учениците да седнаат во училишните клупи, дотолку повеќе што националната платформа е нефункционална и постојано паѓа.
Родителите на основците добија подршка и од директорката на училиштето, која смета дека сите услови ги имат исполенто согласно владиниот план. Според неа Комисијата без да ги разгледала просторните услови и исполнетоста на владините протоколи паушално ја донеле одлуката за Моноспитово учениците од 4 до 9 одделени да следат онлајн настава
Во ООУ „Борис Трајковски“ во Моноспитово општина Босилово се школуваат вкупно 130 деца од 1 до 9 одделение. Според планот на смена би биле пристуни по 60 односно 70 деца што за одоговорните и родителите е сосема коректно да се има настава со физичко присуство.
24










