СКОПЈЕ (АА) – Поранешниот македонски премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска се прогласени за виновни во случајот „Насилство во центар“, при што Груевски е осуден на казна затвор од една година и шест месеци, а Јанакиески на условна казна затвор, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Станува збор за случај кој беше отворен за насилството што се случуваше на протестите на 7 и 10 јуни 2013 година пред просториите на Општина Центар во Скопје. Според Обвинителството, протестите ги организирал врвот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а целта не била да се спречи уривањето на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“, како што се прикажуваше, туку да не дојде до промена на Деѕалниот урбанистички план (ДУП) за „Мал ринг“.

Исто така, поранешниот премиер Груевски во мај 2018 година е осуден на двегодишна затворска казна во случајот „Тенк“, во врска со луксузниот автомобил, марка „мерцедес“.

Во ноември 2018 година, Никола Груевски на социјалните мрежи објави дека е во Унгарија, која позитивно одговорила на неговото барање за добивање политички азил.

Anadolu