Дамјан Манчевски, неодамнешниот министер за информатичко општество и администрација, кој беше избран за пратеник на последните парламентарни избори, денеска поднесе оставка од функцијата.

Претседателот Талат Џафери на почетокот на денешната седница на која требаше да се избираат заменици министри, инфомираше дека Манчевски поднесе оставка, и дека тој има деловничка можност да не ја образложи.

Сега ДИК треба да го инфомира Собранието кој е следниот на листата кој треба да го завземе неговото место во Парламентот.

Поради тоа денешната седницата е прекината.