Протестот го организираше граѓанската иницијатива против урбаното дивеење Спас за Дексион и Јурија.
Незадоволните граѓани велат дека надлежните од општината веќе две недели не одговараат на нивните барања да се ревидира Деталниот урбанистички план С3 24 за Јурија, за да се намали планираниот габарит и висината на зградите вцртани со маркиците на ДУП.
Од граѓанската иницијатива велат дека немало јавна расправа за промена на ДУП-от на ова населено место, каде според планот се предвидува да се изградат згради високи по 58 метри, 17 ката и населување на 3.000 жители. Ова ќе го наруши нормалното живеење во населбата Јурија и целата општина, бидејќи ќе се запре струењето на воздухот, ќе се зголеми аерозагадувањето, а воедно ќе се создаде проблем и со сообраќајното поврзување, незадоволни се граѓаните кои бараат градинки, училишта и паркови наместо згради.








