Движењето Беса се откажа од Комисијата за европски прашања. Со ова тело ќе раководи ДУИ, а за возврат партијата на Биљал Касами ја презеде Комисијата за култура. Опозициската коалиција Алијанса-Алтернатива ќе претседава со Анкетната комисија за слободи и права и Комисијата за труд и социјална политика. Во петок ќе се свика Комисијата за избори и именувања, каде составот на комисиите ќе биде официјално предложен до Собранието. Парламентарното мнозинство не стравува дали ќе има доволно пратеници за нивно одобрување.

Опозицијата ја потврди својата поддршка за работните тела, но повторно беше нагласени дека се против функционирањето на Собранието од дистанца, односно по електронски пат.

Следната недела партиите официјално ќе ги номинираат координаторите на пратеничките групи. Од СДСМ тоа ќе биде Јован Митревски, од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, од ДУИ Изет Меџити, додека коалицијата Алијанса-Алтернатива ќе го номинира Скендер Реџепи.

По формирањето на работните тела, Собранието веднаш на маса очекува некои законски измени како што е она за средно и основно образование, како и одобрувањето на нови економски мерки што ги планира Владата. Во меѓувреме, нема консензус за одобрувањето на одлуките на претседателот за вонредната состојба кои претходно беа во сила. Собранието нив мора да ги потврди со 2/3 од гласовите, што значи во консензус со опозицијата. Но, опозицијата се дознава дека ќе бара преиспитување на сите одлуки на Владата донесени со уредби со законска сила. За време на вонредната состојба, како резултат на пандемијата, Владата донесе над 250 вакви уредби.

Alsat-M