Владата за прв пат избра вицепремиер кој ќе се бори против корупцијата. Експертите велат дека тешко ќе биде да се искорени корупцијата. Ова е ставот на аналитичарите кои беа гости во емисијата ЕУ Клик во ТВ21.

„Не ме прави оптимист фактот што е избран вицепремиер за борба против корупцијата. Ние имаме Антикорупциска која со усвоениот закон минатата година има надлежност над 60% од податоците со кои може да се направи ветинг на сите функционери“, истакна Џељал Незири.

Арбен Раткоцери, вели дека е скептик дека ќе има промени.

„Јас сум скептик, но ќе видиме дали ќе има движење во правец на правдата. Може да има медиумски спектакл како претходните години, но за правда, но правда како што треба, корупцијата и правдата се неселективни, не можеме да очекуваме многу“, Арбен Раткоцери.

Аналитичарот, Арменд Нухиу, вели дека граѓаните не веруваат во правосудството и правдата во земјата.

„Без да имаме очигледен прогрес, кога луѓето ќе почнат навистина да чувствуваат дека нешто се менува, бидејќи основата на една држава е довербата на граѓаните во правосудството, ние тоа го немаме“, посочи Арменд Нухиу.

Алберт Муслиу вели дека се најавени подетални истраги за да се истражи потеклото на богатството на функционерите.

„Доколку политичарите се обидуваат да им избегнат на овие теми, ќе имаат последици во следниот изборен циклус. Политичарите се многу практични, мислам дека оваа тема ќе биде актуелна и ќе видиме колку ќе биде ефективна и ефикасна. Доколку не е ефикасна ќе има негативни последици“, вели Алберт Муслиу.

Аналитичарите сметат дека земјата со добивање на датум за преговори со ЕУ, со голема сериозност работи во подобрувањето на состојбата во судството и борбата против корупцијата.

TV21