Во Скопје се одбележа Денот на ашуре

by Administrator

По повод месецот Мухарем (првиот месец од муслиманската лунарна година), во Старата скопска чаршија се делеше ашуре, јавува Агенција Анадолија (AA).

Настанот се одржа пред Мурат-пашината џамија во Скопје под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје, од страна на Советништвото за верски прашања при оваа амбасада.

Image may contain: 2 people, people standing, child and outdoor

На настанот учествуваше советникот за верски прашања при турската Амбасада, Мурат Алкан, претставниците на турските организации и институции во земјата, како и бројни граѓани.

Image may contain: one or more people, child and close-up

Советникот за верски прашања, Алкан, во изјава за медиумите истакна дека како и секоја година, и оваа година традиционално доделиле ашуре по повод месецот Мухарем, нагласувајќи дека ашурето има важно место во муслиманската традиција.

Според него, овој настан го организирале со надеж дека ќе придонесе во единството на различните култури и етнички структури, особено на Балканот.

Image may contain: one or more people, people sitting, child and table

„Денес сме горди и среќни што ваков убав ден на традицијата на ашуре го одбележуваме со нашите сонародници и соверници на Балканот, во Скопје кое е центарот на Балканот“, рече Алкан.

Инаку, зборот „ашуре“ потекнува од арапскиот јазик и произлегува од зборот „ашр“, кој на арапски значи „десет“. Денот на ашуре е десеттиот ден на месецот Мухарем. Месецот Мухарем е првиот месец од новата лунарна година и е еден од светите месеци за муслиманските верници.

Anadolu

You may also like