„Жално е што децата ги оставија неписмени“ – ова е само еден од вашите коментари на нашите социјални мрежи по информациите дека за поголемиот број ученици новата школска година ќе се одвива со онлајн настава
Неделното интервју на РСЕ е со претседателот на Синдикатот на образование, наука и култура, Јаким Неделков, со кого нашата новинарка разговара за образованието во услови на пандемија, за тоа дали онлајн наставата се покажала доволно квалитетна. Тој ,покрај другото, вели дека образованието е постојано во реформи, а на крај е пак на истото ниво и дека кога е различно нивото на заболени во земјава, не може да се воведуваат унифицирани мерки за настава.
Но на оваа тема има само два коментара, што очигледно покажува незаинтересираност , а од друга страна, доаѓаат информации дека голем број родители се против одењето на децата на училиште кога бројот на заразени е постојано прилично висок. Бобан Неделковски го прашува Неделков што сторил тој за подобро образование на децата, „цел живот си во СОНК, 11 години“, вели, а „само климаше со глава“. Мими Дичоска Арсова исто така со негативен коментар: „Ќе го сменат, затоа зборува. Жално е што децата ги оставија неписмени“.
А короната си продолжува, луѓето продолжуваат со непочитувањето на мерките за заштита, министерот Филипче за наесен најавува план за дополнителни рестрикции по региони каде што има појава на поголем број заболени или потенцијален ризик. По последната бројка новозаболени 84 лица, Драги Арабаџиев напишал кратко: „Досадни“, а Драган Србаков препорачува: „А у Европата да кажите како е билансот последните денови?!“ Борко Ристоски реагира дека сѐ поскапело во време кога секаде се намалуваат цени, „и ние упорно дома дремеме…“ Лута Ахмети иронично препорачува: „Направете да биде опција и да не јадеме, све ќе е во ред!“ И потпишан со Тети Тети со истиот тон: „Уште ли чекате!!! Позатворени од нас нема нација во светот, сите граници затворени“.
Повеќе на РСЕ









