Реката Вардар во Долно Лисиче стана портокалова. Жителите се вознемирени, а Инспекторатот на Град Скопје веднаш реагираше и испрати екипа на терен. Земени се урнеци од водата, и ќе се испитува што предизвикало вакво загадување.

„Во координација со директорот на ДИЖС испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000 евра. Се работи за река Вардар кај Долно Лисиче.“, се вели во соопштението на Инспекторатот на Град Скопје.


Tv21