Седум мигранти се повредени откако синоќа околу 20:50 часот се превртело комбе со битолски регистарски таблички на магистралниот пат Струмица-Валандово, кај крстосницата за селото Раборци, соопшти портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

Се преврте комбе кое превезувало мигранти, 14 лица повредени ...

Возачот на комбето побегнал, а увид на местото на несреќата извршиле полицијата и јавен обвинител.

Во извлекувањето на повредените учествувале и пожарникари од Територијалната против пожарна единица на Струмица, кои употребиле специјални хидраулични алатки за извлекување на патниците.