Овие картички во Македонија најчесто ги користат фриленсери кои работат за странски компании. Еден од нив е и битолчанецот Ивица Лекоски кој работи како дизајнер.

Тој посочува дека блокадата настанала откако германската банка Wirecard поднела барање за банкрот, што резултирало со блокада на сите картички и средства за корисниците на Payoneer ширум светот, вклучувајќи ја и земјава.

За случајот дознал откако бил информиран по меил дека неговата сметка е блокирана и дека нема да може да ги подигне парите.

Лекоски предлага во земјава да се воведе можност домашни физички и правни лица да можат да вршат транскации преку македонските банки без дополнителни ограничувања. Народната банка пак минатата година донесе одлука домашните физички и правни лица да може да отворат сметки кај странски електронски сервиси за плаќање (PayPal, Skrill, Stripe, Payoneеr и останатите), со што би ја олеснила електронската трговија односно финансиските трансакции онлајн


Kanal5