Заев: „Му понудив заедничка Влада на Мицкоски“

by Administrator

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната трибина во Охрид посочи дека пред да ги решат сите крупни прашања во државава, му понудил заедничка Влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Му понудив на Мицкоски заедничка Влада пред да ги решиме сите овие крупни прашања, не само заради Преспанскиот договор заедно да го потпишеме. НАТО членството заедно да го оствариме, поглавјата заедно во ЕУ да ги отвориме, затоа што и на мене, и на него ни кажува нашиот народ „дај бе застанете еднаш заедно, застанете бе заедно за државата“, понудив пола од министерствата, за премиер да се договориме, се, не немаа став, бегаа од одговорност затоа што со векови наназад кога ќе погледнете која е таа генетска нишка, иста е и сега – гола политика, борба за пари, власт моќ никогаш одлуки и немања на ставови тоа е истото тоа ВМРО-ДПМНЕ и затоа ќе бидат опозиција“, порача Заев.


„TV21“

You may also like