Во синоќешното гостување во Актуел на Тера,министерот за здравство Венко Филипче зборуваше и за организирањето на свадбите.
На прашањето за тоа кога ќе можат да се организираат свадби, Филипче рече дека во овој момент е комплицирано, а веројатно ќе биде и понатаму.
„Доколку се организира било каков настан во кој што ќе се почитуваат овие протоколи, ризик нема или пак е сведен на минимум“ вели тој.
Прашан за тоа што се случуваше во одредени градови кога беа пуштени да работат угостителските објекти и прославите кои се правеа, Филипче вели дека апсолутно не требаше тоа така да се случи и да се органиизра, односно дека требаше да се почитуваат мерките и протоколите.
Што би се случило на свадба? беше прашан Филипче.
„Комисијата за заразни болести даде соодветни протоколи како може рестораните да функционираат и таму јасно пишува дека се седи на дистанца, потоа дека се носат маски ако дистанцата не може да се одржи“ вели тој.
Во продолжение можете да го погледнете целото интервју.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=tejKnH_HsQA[/embedyt]









